Техничкиот премиер Оливер Спасовски за в четврток свикал лидерска средба, поради состојбата со коронавирусот во земјава.
Информацијата вечерва ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по објавувањето кандидатските лист за пратеници.
На новинарско прашање каков е неговиот став за состојбата со коронавирусот и што ако е неопходно одложувањето на изборите, Мицкоски рече дека не би сакал да одговара на хипотетички прашања.
„Како што ме информираа од мојот Кабинет, в четврток имаме лидерска средба околу 13 часот. Ќе разговараме за она што е денеска реална ситуација поврзано со Ковид-19 или познат како коронавирус“, рече Мицкоски.
За средбата присуство потврдиле лидерите и плус уште еден претставник на партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива.