Сепак, министерот ова го кажа согласно првичните проценки, но вели дека поврзаноста или неповрзаноста на овие два случаи ќе ја покаже истрагата која е во тек. Нагласи дека мотивите за синоќешниот напад на полицискиот службеник засега се непознати, но според класификацијата, како што кажа, се работи за насилство
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не гледа поврзаност на синоќешниот напад на полицаец во скопски Бутел со случајот на двојното убиство во „Шиша бар“ кое се случи пред безмалку една недела.
Сепак, ова го кажа согласно првичните проценки, но вели дека поврзаноста или неповрзаноста на овие два случаи ќе ја покаже истрагата која е во тек.
„Очекувам дека во текот на денот ќе завршат сите активности во однос на расчистување на целиот овој случај. Две лица се лишени од слобода, а се трага по уште тројца. Тие со другото возило практично го напуштиле местото на настанот. Очекувам дека наскоро и тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност“,
изјави Спасовски одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со неговиот босански колега Ненад Нешиќ.

Спасовски потврди дека во синоќешниот напад во Бутел се повредени неколку лица, меѓу кои и припадник на полицијата. Според класификацијата, додаде министерот, се работи за насилство.
Нагласи дека мотивите за синоќешниот напад на полицискиот службеник засега се непознати.
Претходно денеска скопската полиција информира дека синоќа неколку лица во два автомобили му го попречиле патот на друго возило во кое се наоѓале три лица, меѓу кои и полицаец кој во моментот не бил на смена. Откако им го блокирале патот, почнале да удираат по нив и по возилото во кое се наоѓале.
Полицаецот, кој во моментот не бил на работна должност, го извадил службениот пиштол и испукал неколку пати во воздух, по што дел од напаѓачите побегнале. Двајца од групата напаѓачи, пак, се приведени веднаш по инцидентот.