Владата донесе тешка одлука, за првпат во земјата се воведува полициски час, соопшти во вонредното обраќање премиерот Оливер Спасовски.
„Донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните. Од утре започнуваме со ограничување на движење на сите граѓани. Се забранува движење на населението од 21 до 6 часот секој ден. Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање“,
рече Спасовски.
Одлуката е донесена врз основа на препорака на Комисијата за заштита од заразни болести.
Премиерот излезе со детали кој е исклучен од оваа мерка.
„Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, се во животно загрозувачка состојба, оние кои имаат потреба од дијализа смеат да излегуваат во друштво на најмалку две лица. Ако биде запрено возилото од полиција ќе треба да се евидентира и по завршување на медицинскиот преглед полицијата ќе ја провери оправданоста“,
рече Спасовски.
Вработените во здравствените установи за кои е неоходно исто така се исклучуваат од забраната за движење.
„Директорите на јавните здравствени установи ќе изготват список на вработените лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење и ќе го дистрибуираат до МВР со цел изготвување на специјални пропусници или легитимации. Со тоа МВР ќе има комплетен увид за временскиот период кога ќе се движат овие лица“,
рече Спасовски.
Не се опфатени ниту припадниците на МВР, Армијата, противпожарните екипи, вработените во комунална хигиена.
Бројот на дежурни аптеки ќе се редуцира и ќе одредат само аптеки кои ќе бидат локациски поврзани со здравствените установи. Пристапот до дежурните аптеки во полицискиот час ќе биде возможен само за оние лица кои ќе приложат доказ дека извршиле преглед во здравствена установа.
Такси компаниите ќе мора да го редуцираат бројот на возила и да воведат дежурства во периодот од 21 до 6 часот. Тогаш тие ќе можат да возат само ако станува збор за превоз до болница или до аптека.
Дежурните екипи за водовод, ЕВН и телекомуникациските оператори ќе можат да се движат, но исклучиво со претходна најава на 192.
Директорите, управителите на погони, фабрики и на сите институции се задолжуваат да го прилагодат работното време и производство согласно важењето не мерката.
Во трговските објекти, аптеки и јавни уставнови каде плаќањето е на шалтери и каси да се ограничи присуството на граѓани соглансно бројот на шалтери и каси односно врз основа на големина на објектот, а времетраењето на задржувањето го ограничуваат менаџерите на објектите.
„Потребно е секој од нас да се прилагоди на оваа крајно загрижувачка ситуација и да преземеме се’ за максимално и одговорно однесување. Секој граѓанин и субјект е повикан да биде дел од оваа заеднилка битка. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата мора да се однесуваме сите вонредно и одговорно. Се работи за животот на нашите граѓано и опстанокот на нашиот економски систем и да се кренеме на висината на задачата и да ја совладаме“,
рече Спасовски во обраќањето.
Тој истакна дека заканата треба да се сфати најсериозно и мора најригорозно да се почитуваат мерките.
Тој им оддаде признание на сите кои се вклучени во борбата против, како што го нарече, ова зло-медицинските работници, полициските службеници, припадниците на Армијата и сите други за се што направија досега и ги повика граѓаните преку ригорозно почитување на мерките да им се создадат услови за успешно извршување на професионалните задачи. Тој тука ги спомена и медиумите, одосно на како што рече, најголемото мнозинство од нив, новинари, сниматели, фоторепортери и медиумски работници за нивниот придонес во заедничката борба како значен фактор во справување на ширењето на вирусот.
„Бидете уверени ако сите ги почитуваме мерките што ги воведуваме значително ќе го намалиме ризикот и времето и ќе го вратиме нашето безбедно секојдневие. Нема компромис кога е здравјето во прашање и да ги почитуваме и така успешно ќе се справиме со состојбата и ќе ги спасиме семејствата, народот и државата“,
рече Спасовски во обраќањето вечерва, соопштувајќи ги новите поригорозни владини мерки за да се српечи ширењето на заразата.
*Поврзана вест