Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати преку социјалните мрежи соопштувајќи дека се чувствува добро и се наоѓа во неговиот дом во Куманово.
Од Инфективната клиника каде беше хоспитализиран откако се зарази со ковид-19, излегол во понеделникот.
Објавата за неговата здравствена состојба, како што посочува тој, доаѓа откако била објавена информација дека е хоспитализиран во приватна клиника.
„Сакам да ве известам дека се чувствувам добро и по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот сум во својот дом во Куманово. Значи, ова е уште една лажна вест. Бескрајно сум им благодарен на нашите здравствени работници кои ми помогнаа мене, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот. Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира“,
вели Спасовски.
Министерот објави дека добил позитивен резултат со ковид-19 на 26 октомври, а неколку дена подоцна, на 29 октомври, стигна и веста дека е хоспитализиран на инфективна.
*Поврзани вести:
Оливер Спасовски заразен со ковид-19, вели дека има „благи симптоми“
Позитивниот тест стигна кај Спасовски ден по конгресот на СДСМ