Првите луѓе на Владата не ги почитувале сообраќајните прописи, поради што МВР им изрече прекршочни налози
Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и министерот за здравство Венко Филипче добиле казни од по 50 евра за сообраќаен прекршок.
Од МВР потврдуваат дека тројцата функционери добиле прекршочни налози.
Причината е што тие возеле мотори без кациги, кои според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се задолжителни ако се превезувале со мопед, мотоцикл, трицикл и четирицикл.
Казната доаѓа откако пред три дена на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат тројцата функционери. Едниот мотор го вози Заев, а со него е и Николовски, додека Филипче вози друг мотор зад нив.
И додека @o_spasovski спроведува акција против мотоциклисти во Скопје, неговиот газда @Zoran_Zaev вози БЕЕМВЕ без заштитна кацига 👉 тоа е тоа КУРЧЕЊЕ, коор му е држава му е pic.twitter.com/fq83B80MmY
— Демир (@Trollowsky) September 20, 2020