Таа веднаш била пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на Болницата е во стабилна состојба, информира МИА
Вработена во прилепскиот Центар за социјални работи денеска нешто пред 14 часот, во просториите на Центарот, била ранета од огнено оружје.
Таа веднаш била пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на Болницата е во стабилна состојба, информира МИА.
Од службата за итна помош биле повикани во Центарот да укажат помош во 13:55 часот. Според началникот на Итната помош, Боше Милошески, 38-годишната социјална работничка има прострелна рана од куршум во стомакот.
Јавен обвинител и полицијата вршат увид во просториите на Центарот и наскоро најавија информации за случајот и напаѓачот кој, неофицијално, подолго време ја демнел.