Се подобрува здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон, кој помина две ноќи на интензивна нега поради коронавирусот, соопштија од неговата канцеларија.
Џонсон, како што се соопштува, постојано напредува, ама и натаму е на интензивна нега.
Во неделата, Џонсон беше хоспитализиран , десет дена откако неговиот тест за ковид-19 се покажа позитивен. Следниот ден, беше префрлен на интензивна нега, поради влошување на состојбата, по што доби и кислород.