Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 179 890 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 7 098, а оздравеле 78 326.
Бројот на жртви од вирусот во Италија се искачи на над 2 000. Само во Ломбардија бројот на починати денеска се искачи на 1 420 од 1 218, соопштија два извора со пристап до податоците.
Бројот на нови случаи во регионот, во кој е вклучен италијанскиот финансиски центар Милано, е зголемен за 1 377 во изминатите 24 часа, што е побавна стапка од претходно.
Единаесет лекари од болница во кипарскиот граад Пафос се заразени со новиот коронавирус.
Во Германија има 1 100 новозаразени, а вкупниот број на болни надмина 6 000. Германија воведе засилени мерки според кои ќе работат само маркети, пазари, банки и аптеки.
Русија ги затвора границите за странски државјани од среда најмалку до 1 мај
Канада ги затвори границите за сите странски државјани или странци без дозвола за долг престој.
Австриската авиокомпанија „Аустриан Ерлјанс“ ги прекина сите летови.
Финска прогласи вонредна состојба која ќе трае најмалку до 13 април.
Турција соопшти дека до преземање на нова мерка ги прекинува групните молитви во џамиите, вклучително и големата петочна молитва, со цел да ја ограничи опасноста од ширење на коронавирусот.
СЗО прати милион и половина тестови за коронавирусот во 12 земји во целиот свет.
Ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање како најдобар начин да ја забават пандемијата на вирусот Ковид-19.
Американскиот институт за алергии и заразни болести објави дека дал прва доза на потенцијална вакцина против коронавирусот на еден волонтер.