Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека денешниот состанок на Советот НАТО-Русија е навремена можност за дијалог во критичен момент за европската безбедност
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот НАТО и Русија, кој е втор од трите клучни ангажмани со Русија наменети за смирување на на растечката закана што ја претставува Москва за соседна Украина, додека земјата распореди илјадници војници вдолж украинската граница.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на својот Твитер профил истакна дека денешниот состанок на Советот НАТО-Русија е навремена можност за дијалог во критичен момент за европската безбедност.
„Кога тензиите се високи, уште поважно е да седнеме околу иста маса и да разговараме за нашите грижи“,
додаде Столтенберг.
Во понеделникот претставниците на Русија и САД во Женева повеќе од седум часа преговараа за ситуацијата со Украина и за безбедносните гаранции меѓу Русија и САД.
За утре, пак, е закажан состанок на Советот Русија-ОБСЕ во Виена.