Како што пишува порталот Религија.мк, внимание привлекува отсуството во делегацијата на митрополитот преспанско-пелагониски Петар, кој е претседател на Комисијата за надворешни работи на МПЦ-ОА
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска на седница ја потврди црковната делегација што ќе ја посети Москва на 20 ноември по повод одбележувањето на 80-тиот роденден на рускиот патријарх Кирил.

Како официјални претставници на МПЦ-ОА се определени митрополитот дебарско-кичевски Георгиј и секретарот на Синодот, епископот хераклејски Климент.
Како што пишува порталот Религија.мк, внимание привлекува отсуството во делегацијата на митрополитот преспанско-пелагониски Петар, кој е претседател на Комисијата за надворешни работи на МПЦ-ОА.
Делегацијата е определена од архиепископот г.г. Стефан.
Посетата се одвива во период на несогласувања во православниот свет, особено во врска со украинското црковно прашање и односите меѓу Московската и Вселенската патријаршија.
