Од ЕУФОР потврдија дека во текот на рутинска операција се урнало едно од нивните летала. Од мисијата соопштија дека нема повредени цивили и дека не е причинета штета на цивилната инфраструктура, имотот или возилата на граѓаните
Хеликоптер на воената мисија ЕУФОР се урна попладнево во местото Горице, во близина на Брчко, Босна и Херцеговина (БиХ), објави РТС.
Според последните информации во српските медиуми, во несреќата има четворица загинати и 11 повредени.

Станува збор за транспортен хеликоптер „ЦХ-47 чинук“ од составот на италијанските сили во рамките на ЕУФОР.
Хеликоптерот се урна за време на рутинска операција во областа Брчко.
На местото на несреќата веднаш пристигнаа полицијата, пожарникарите и екипите на итната медицинска помош.
Повредените се згрижени во Здравствениот центар во Брчко, а медицинскиот персонал е ставен во состојба на готовност.
Според градоначалникот на Брчко, Синиша Милиќ, потешките случаи ќе бидат пренесени и во други здравствени установи за понатамошно лекување.
Од ЕУФОР потврдија дека во текот на рутинска операција се урнало едно од нивните летала.
ЕУФОР започна детална истрага за несреќата, а дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе се утврдат фактите.
Од мисијата апелираа граѓаните да не шират непроверени информации и да ги следат официјалните извори.
🇧🇦🇮🇹 The video shows the moment an Italian CH-47 Chinook crashed in BiH. This is the most serious accident linked to the EUFOR Althea mission in Bosnia and Herzegovina since 2008 when a Macedonian helicopter crashed, resulting in the deaths of all 11 passengers and crew members. https://t.co/DVjKvm7Us1
— GOLDZEN 🇧🇦 (@GOLDZEN3) October 29, 2026
