Тој вели дека Јанулоска не била аболицирана од претседателот Иванов за случајот „Тенк“, но најавува дека и за овој случај ќе покрене постапка во Стразбур и дека ќе ја тужат судијката Добрила Кацарска за пристрасност
Гордана е добро храбро се држи, знае дека правдата е на нејзина страна, кога тогаш ќе дојде на нејзина страна, вели Влатко Илиевски, адвокат и сопруг на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во гостување на „Стадион“ на Радио Канал 77.
За спроведувањето во затвор на Јанкуловска за издржување на затворската казна од 4 години за набавката на мерцедесот во случајот познат како „Тенк“, тој вели дека грубо се прекршиле правата на едно осудено лице.
„Грубо се повредени законите, односно Законот за извршување на санкции, бидејќи на Јанкулоска ниту и беше даден упатен акт, ниту и беше дадена можноста сама да се пријави во затвор“,
вели Илиевски.
Тој вели дека не планирале одлагање, туку достоинствено целиот процес да го завршат со доброволно пријавување во затвор. Појаснува дека Јанулоска не била аболицирана од претседателот Ѓорѓе Иванов за случајот „Тенк“, но најавува дека и за овој случај ќе покрене постапка во Стразбур и дека ќе ја тужат судијката Добрила Кацарска за пристрасност.
Илиевски вели дека и биле ускратени правата на Јанкуловска, бидејќи како што вели, целата постапка од судење до спроведување во затвор била крајно неправична.
За апликациите поднесени до Европскиот суд за човекови права со кои се бара да паднат предмети што ги отвори некогашното СЈО, повикувајќи се на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов во 2016 година, Илиевски додава дека станува збор за 10 различни апликанти, а дел од нив се повторуваат во повеќе претставки, бидејќи станува збор за различни предмети.
Вели дека тезата е дека е повреден принципот на правото и дека не се почитувале одлуките за аболиција, и лицата биле предмет на кривично гонење до кое не требало да дојде.
„Ние тврдиме дека не може да се отповика помилување и дека се што е направено е спротивно на принципот на владеење на правото, но еве да оставиме на Владата да аргументира зошто мисли дека може. Не се опфатени сите предмети и сите обвинети од СЈО со аболицирјата, тие што не се аболицирани за нив тоа нема да важи. Факт дека за одредени предмети на СЈО, ниту едно од лицата нема добиено аболиција и тие предмети ќе си се тераат како што продолжиле, не може да се повикуваме на аболиција, конректно за „Тенк“ никој нема аболиција“
рече Илиевски.
Илиевски за Канал 77 додава дека Јанкуловска ниту нарачала, ниту обвинила, ниту осудила некој и прашањата и компарациите за тоа како некој друг се осеќал кога бил на нејзино место, како внуците и ќерката на Велија Рамковски вели дека не се коректни и претставуваат класична одмазда од политички побуди.
Не сакаше да ги коментира ниту „бомбите“ во кои се слуша како Јанкуловска вели дека „сите ќе завршиме во затвор“, потенцирајќи дека биле ставени во контекст што и одговарал на тогашната опозициска партија.
Инаку, до Владата пред околу две недели стигнало барање од Европскиот суд за човекови права во Стразбур да одговори во врска со поднесените апликации поврзани со предметите на поранешното СЈО.
Министерот за правда Бојан Маричиќ изјави дека во овој период државата подготвува стратегија за настап, која, како што рече, ќе биде во одбрана на владеењето на правото и правната држава.