Сообраќјна несреќа се случи вечерва во Скопје на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на поранешната фабрика „Алумина“, откако моторно возило „БМВ“ удрило во велосипедист, информираат од МВР.
„На 20.06.2022 во 21,20 часот на крстосница од ул. Митрополит Теодосиј Гологанов и ул. Јуруј Гагарин, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Л.(35) од Скопје удрило во велосипедистот Ѓ.Ч.(34) од Скопје. По незгодата велосипедистот Ѓ.Ч. бил пренесен во Градската Општа Болница „8ми Септември“ каде од доктор му се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“,
информираат од МВР.