На денешната средба со СОНК, како што информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, се потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк на вработените во секторот детска заштита
Измените на Колективниот договор, како што посочи министерката, се испратени во „Службен весник“ и штом бидат бидат објавени за еден-два дена, ќе се пристапи кон исплата на платите согласно овие измени
Со потпишување на измените и дополнувањата на Колективниот договор за дејноста детска заштита помеѓу претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и претставници на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), процесот на штрајк и преговори е завршен.
На денешната средба со Синдикатот, како што информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, се потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк на вработените во секторот детска заштита.
„Пред некој ден на состанокот со претставниците на МОН беше донесено решение со кое се согласија двете страни да платите во дејноста на детските градинки и во образованието се зголемат за 15 проценти. Значи сите делови кои беа дел од одлуката за штрајк се реализирани и последното е отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот Колективен договор“,
рече министерката Тренчевска.
Министерката додаде дека по државниот празник 24 Мај, со работните групи од кои се веќе формирани од двете страни ќе започнат конкретните утврдувања во врска со Колективниот договор и, како што рече, до крајот на мај ќе се донесе новиот Колективен договор кој ќе значи дополнителни права на вработените односно на носителите во дејноста на детските градинки.
Измените на Колективниот договор, како што посочи министерката, се испратени во „Службен весник“ и штом бидат објавени за еден-два дена ќе се пристапи кон исплата на платите согласно овие измени.
Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, по средбата со министерката Тренчевска истакна дека денеска практично е заокружен процесот на преговори во однос на барањата кои Синдикатот ги имаше до Министерството за труд и социјална политика.
„Она што беше спорно, исплатата на дневниците на вработените во детските градинки кои штрајкуваа денеска со измена на колективниот договор во тој дел го регулиравме и ова право на вработените кое го сметавме од разни причини за дискриминација и не беше во ред на нив да им се скрати од платата“,
рече лидерот на СОНК по денешната рунда преговори со МТСП.
Тој додаде оти Министерството на чело со министерката Тренчевска имале разбирање за нивните барања и оти покрај веќе договорените 15 проценти повисоки плати и спогодбата за нов Колективен договор, процесот на штрајк и преговори завршува.
Инаку, пред три дена првиот човек на СОНК, Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири се договорија за 15-процентно покачување на платите за вработените во образовниот сектор кои ќе важат и за вработените во детските градинки.