Облачноста ќе се зголемува околу пладне, а на места ќе има услови за краткотраен пороен дожд и врнежи, најавува УХМР
Сончево и топло со мала до умерена облачност – вакво време, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нè очекува денеска во земјава.
Облачноста ќе се зголемува околу пладне, а на места ќе има услови за краткотраен пороен дожд и врнежи. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 17 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 22 до 33 степена.
Во Скопје денеска се очекува сончево и топло време со максимални 31 степен. УХМР прогрозира умерена облачност, а во делови од котлината услови за краткотраен пороен дожд.
За утре, УХМР најавува променливо облачно време и услови за дожд и грмежи.