Според УХМР, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамките на просечните за овој период од годината
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североистичен правец.

Минималната темпратура ќе се движи во интервал од девет до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 30 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 Целзиусови степени.
Според УХМР следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамките на просечните за овој период од годината.