Облачноста ќе се зголемува кон крајот на денот и се очекуват врнежи во западните делови
Денеска нѐ очекува сончево време со мала до умерена облачност. Облачноста ќе се зголемува кон крајот на денот и се очекуваат врнежи во западните делови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 km/h. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 8, а максималните ќе достигнат од 17 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Се очекува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 7, а максималните ќе достигнат до 21 степен.
Во првите два дена од новата седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи од дожд повторно се очекуваат во среда.