УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8
Сончево и многу топло – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нè очекува денеска во земјава. Ќе има мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб северозападен ветер. Попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 26 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со температури до 34 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и ќе има мала до умерена облачност.
Сончевото и многу топло време ќе се задржи и во текот на вториот ден од викендот.