Собранието на Црна Гора денеска ќе гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ. Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба.
За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора. Седницата е закажана за 11 часот. Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство“, но дека нивната одлука „нема никаква врска“ со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија.
Директна причина за иницијативата за недоверба, како што пренесуваат дел од медиумите во регионот ,сепак е ненајавеното потпишување на Основниот договор со СПЦ на почетокот на август во Подгорица. ДПС, СДП и другите партии собрани околу оваа иницијатива сметаат дека Владата го „изгубила својот легитимитет“, бидејќи Основниот договор ја фаворизирала СПЦ пред другите верски заедници.