Демонстрантите ѝ возвратија на полицијата фрлајќи камења и со пиротехнички средства
Со водени топови, полицијата во Љубљана се обиде вечдерва да ги растера граѓаните кои протестираат против новите мерки на Владата против коронавирусот.
Демонстрантите ѝ возвратија на полицијата фрлајќи камења и со пиротехнички средства.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, повеќе десетици демонстранти се собраа да протестираат поради владините мерки, а организаторите на протестот, кој, всушност, е закажан за утре, се оградија од учесниците на денешниот собир.
По употребата на водени топови и солзавец од страна на полицијата, демонстрантите се разотидоа.
Словенечки медиуми јавуваат дека хеликоптери го надлетуваа центарот на Љубљана, а се слушнале неколку експлозии. Еден новинар е повреден.