Б.Р. (31) од Крива Паланка е приведен под сомнение за сторено кривично дело безобѕирно управување со моторно возило
Под дејство на алкохол и без возачка дозвола управувал со автомобил на булеварот „Србија“ во Скопје и удрил во објект на бензинска пумпа што се наоѓал покрај коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
На полицајците од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, пак, лажно им се претставил како вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Б.Р. (31) од Крива Паланка е приведен под сомнение за сторено кривично дело безобзирно управување со моторно возило.
„Ноќеска во 2:30 часот на булеварот ‘Србија‘ во Скопје, Б.Р., управувајќи автомобил ‘хјундаи‘ со скопски регистарски таблички, удрил во објект на бензинска пумпа. Не поседувал возачка дозвола, а му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта. Дополнително, лажно се претставил како вработен во АНБ“,
се вели во полициското соопштение.
Поцелосно документирање на случајот, според МВР, против возачот ќе биде поднесена соодветна мерка.