Издадено е предупредување за временски непогоди за повеќе од 100 милиони луѓе ширум САД, а снегот се очекува да предизвика сообраќаен хаос овој викенд. Големите аеродроми веќе ги откажаа летовите во пресрет на невремето

Силна арктичка зимска бура се пробива низ САД и делови од Канада, носејќи ниски температури и предизвикувајќи одложување на летовите пред најпрометните денови во годината.
Издадено е предупредување за временски непогоди за повеќе од 100 милиони луѓе ширум САД, а снегот се очекува да предизвика сообраќаен хаос овој викенд. Големите аеродроми веќе ги откажаа летовите во пресрет на невремето.
Студениот бран може да го донесе најстудениот Божиќ во последните децении, велат синоптичарите.
Метеоролозите велат дека зимската бура би можела да стане „бомбашки циклон“, што е неофицијално име за одреден тип на силна бура која брзо се засилува.
Дури и во Флорида, инаку сончевата американска држава, се предвидува дека ќе го има најстудениот Божиќ во последните 30 години.
Националната метеоролошка служба (NWS) ги нарекува овие промени зимски временски случувања кои се јавуваат „еднаш во генерација“, особено кога бурата стигнува до регионот на Големите езера, каде што се очекува нејзиниот притисок да достигне еквивалент на ураган од трета категорија.
Невремето со себе носи и снежни врнежи и силни ветрови, кои се очекува да предизвикаат штети и прекин на електричната енергија во американскиот Среден запад и во Канада.