Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, на пет локации во градот, постави апарати за плаќање сметки за вода, информираат од претпријатието.
„Покрај големиот број на дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи, ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП ‘Комунална хигиена’, ГТЦ на приземје, во ТЦ ‘Капитол мол’ и во ‘Сити мол’ (во делот кај банкоматите)“,
се наведува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“.
Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија, се додава во соопштението.