Според полицијата, 83-годипниот скопјанец имал здравствени проблеми, а по укажана помош на местото на настанот е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ на понатамошно лекување
Случаен минувач вчера наутро спасил 83-годишен скопјанец од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Случајот во полиција е пријавен вчера во 7:40 часот дека околу 7 часот од Вардар на подрачјето на скопски Карпош, очевидец извлекол машко лице што се давело во реката.
„Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. По укажана помош на местото со екипите на Брзата помош е пренесен во Градската општа болница ‘8 Септември‘ во Скопје на понатамошно лекување“,
се вели во полицискиот извештај.
Увид на местото на случајот изврши екипа на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
