Агенцијата за вработување до 10 јули исплатила 242,5 милиони евра како надомест за плата на работниците што се времено отпуштени поради кризата со ковид-19
Словенечката влада ја продолжи мерката за субвенционирање на платите на невработените, додека чекаат работа. Се проценува дека такви субвенции за август ќе примат околу 24 000 работници, најави министерот за труд, семејство и социјална политика Јанез Циглер Краљ.
Одлуката за продолжување на оваа мерка, која е воведена во април на врвот на кризата предизвикана со пандемијата на ковид-19, е донесена бидејќи се проценува дека се уште им е потребна на работодавците.
„Повеќе од 24 000 работници сѐ уште чекаат работа, бидејќи во некои индустрии нема закрепнување или тоа не е се уште доволно силно за да можат работодавците да ги вработат луѓето“,
истакна Циглер Краљ додавајќи дека таа мерка би можела да биде продолжена најмногу до крајот на септември.
Агенцијата за вработување на Словенија до 10 јули исплатила 242,5 милиони евра како надомест за плата на работниците кои се времено отпуштени, покажуваат податоците на словенечката влада.