Ризикот од заразa може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз домашната економија, сметаат епидемиолозите
Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката влада предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена.
„Ризикот од заразa може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија“,
смета епидемиологот Бојана Беовиќ.
Како што пренесува агенцијата СТА, овој предлог е поддржан и од словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар, со образложение дека поголемиот дел од заразените од ковид-19 покажуваат симптоми на болеста во рок од 10 дена.