Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излечена пациентка од ковид-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус.
Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот, информира министерот за здравство Венко Филипче.
„Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста. Упатувам апел до сите оние лица што се излечени од ковид-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма“,
апелира Филипче.
За пријавување потребно е да се пополни електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина.