Скопје денеска го одбележува одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето во Втората светска војна.
На овој ден во 1944 година, борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.
Во сеќавање на борците кои во 1944 година на градот му ја донесоа слободата делегации на Град Скопје денеска ќе положат цвеќе пред Партизанските гробишта во Бутел, на вечното почивалиште на генерал Михајло Апостолски, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје.