Обвинителството вели дека момчето насилно ги отворило каси и ги одзело парите
Млад скопјанец (22) е под истрага на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поради сомнение дека сторил тешки кражби празнејќи ги касите на цркви во главниот град.
Според соопштението на ОЈО Скопје, во периодот од 19 јуни до 16 јули тој ограбил пет цркви. Насилно ги отворил касите и одзел пари во вкупна сума од 96 000 денари. Станува збор за црквите: „Св.Стефан”, „Св.Апостоли Петар и Павле”, „Раѓање на Свети Јован Крстител”, „Св. Јован Крстител” и „Св.Архангел Михаил“
Од скопското обвинителство велат дека има опасност момчето да избега и од тие причини бараат Основниот кривичен суд Скопје да му одреди мерка притвор.