Од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однов врз 12-годишно девојче. Покрај тоа, со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник што во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – силување на дете кое не наполнило 15 години.

„Од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однов врз 12-годишно девојче“,
се вели во опосот за случајот.
Покрај тоа што сексуално го злоупотребил, Од обвинителството велат дека тој осомничен е и за кривично дело прикажување на порнографски материјал на дете.
„Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи. “,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Како што информираат оттаму, Јавен обвинител побара определување мерка притвор за осомничениот, повикувајќи се на опасност од бегство, можност за повторување на делото, како и ризик од влијание врз оштетената, нејзиниот исказ и врз други сведоци во постапката.
