Спасувачите не знаат колку луѓе би можело да има под урнатините. Се проценува дека се работи за најмалку 20

Трикатна станбена зграда делумно се урна во Хаг по пожар и експлозија во населбата Маријахоев во Хаг. Се трага по луѓе под урнатините.
„Службите за итни случаи бараат луѓе и се борат со пожарот“,
информираа од градската противпожарна служба.
Спасувачите не знаат колку луѓе би можело да има под урнатините. Се проценува дека се работи за најмалку 20. Нема информација ниту за причината за експлозијата во оваа зграда која се наоѓа недалеку од центарот на градот.
Како што јавија локалните медиуми, неколку луѓе се спасени. Четири повредени лица се пренесени во болница.
Градоначалникот Јан ван Занен го посети местото на несреќата за да ги координира напорите за спасување.
На првата снимка од местото на настанот, која ја пренесе јавниот канал НОС, се гледа како десетици пожарникари се борат со огнот.
