Професорката Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, во интервју за емисијата „360 Степени“ зборуваше за случаите на непотизам кај сегашната власт, но и кај претходната.
Што мислите вие за тоа што лидерот на партијата што ве поддржува е вработен на факултетот на којшто работел неговиот татко?
– Не знам тоа.
Не знаете дека Христијан Мицкоски е вработен…
– Не, не.. а, вработен на факултетот… се извинувам, мислев дека чув дека и нешто пострашно, дека бил асистент кај татко му…
Бил, бил, 6 месеци бил асистент кај неговиот татко.
– Не знам. Не знам. Тоа да го прашате него, јас имам на факултет исто така, еве споменавте, еден од најквалитетните колеги, чијшто татко беше професор на факултетот, меѓутоа мислам дека нему му беше пречка, затоа што беше подобриот од сите најдобри. Имам неколку примери на факултет, кои се пријавиле на конкурс, тогаш ги немаше овие одредби во Законот за високо образование, и тие влегоа на факултетот, меѓутоа за мене се едни од најдобрите. Ова е етичко прашање. Не знам, сега во законот има одредби за сродството, меѓутоа во времето кога јас, да речеме, студирав, и конкурирав, ги немаше. И не би се осудила, ако е етичко прашањето, да давам оценки – рече Силјановска.