На 8 мај ќе биде запечатена една тешка, грда фаза од владеењето и ќе започне една нова реформска фаза – рече Силјановска-Давкова
На почетокот од 2000 година, Роберт Хајслоп ќе рече: „Сите држави имаат мафија, ама на Балканот има опасност мафиите да имаат свои држави“. Сега кога ги гледам состојбите со корупцијата и криминалот, барам некаков излез, она што всушност е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ е дека битката со мафијата мора да биде бескомпромисна, дека битка со мафијата е многу тешка, но мора да почне оти криминалот и корупцијата се системски, порача претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
Таа посочи и дека изборите на 24 април доаѓаат како предигра бидејќи тогаш работите ќе се разјаснат, а целосно ќе се расчистат на 8 мај.

Фото: Фејсбук
„Сите држави имаат своја мафија, ама во Македонија има опасност мафијата да има своја држава! Битката со мафијата мора да биде бескомпромисна, многу е тешка, но мора да почне, оти криминалот и корупцијата се системски. А, ликови што наликуваат на оние од мафијата се вгнездени на највисоките позиции и тие со чинење или со нечинење, со гледање и помагање се исто така соучесници“,
порача Силјановска-Давкова од митингот во скопски Аеродром.
Според неа, на 8 мај ќе биде запечатена една тешка, грда фаза од владеењето и ќе започне една нова реформска фаза.
„За тоа навистина се потребни умни, чесни и посветени луѓе. Луѓе кои државните и национални интереси ќе ги стават пред било кои други. Луѓе кои како одважни и достоинствени, ќе бараат од големите и средните држави, па и од ЕУ и сите држави внатре, заслужена почит. Луѓе кои ќе бараат и ние да итаме во исполнувањето на Копенхагенските критериуми. Да не се занимаваме и да го губиме времето на докажување дека сме тие што сме. Да барате од некого да докаже дека е човек, дека е жена, дека е Македонец, е непристојно“,
потенцира претседателската кандидатка.

Фото: Фејсбук
За митингот на СДСМ пред седиштето на ЕУ во Скопје, Силјановска иронично рече: „се прашувам дали е можеби тоа протест против европската политика или можеби молат да останат на власт со нивна поддршка заборавајќи дека нам сертификати не може да ни даваат“.
„Сиот респект кон ЕУ, НАТО и САД, но онаа чудна Бујарова идеја, денеска го прашав ‘да не имате вие намера за претседател да се кандидирате или се кандидирате за генерален секретар на НАТO?’ Сертификатот ние го бараме од граѓаните и ќе го добиеме од нив, ама за вас не сум сигурна, оти претставувањето како европски претседател е непозната функција“,
кажа Силјановска.