Пратничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјновска-Давкова, во расправата по предлогот за избор на претседател на Собранието, за единтвениот кандидат, Талат Џафери рече дека, според нејзиниот став за лимитирање на мандати, смета дека тој е предолго на политички функции изминатите 19 години, што за неа е премногу.
Таа потоа се осврна на неколку ситуации во кои смета дека Џафери во претходниот мандат не постапил во согласност со Деловникот, како што е европското знаменце на Законот за јазиците.
„Затоа имам голема резерва кон старо-новиот претседател како чувар на Деловникот и процедурите. Ако биде избран, сакам да ме демантира“,
рече Силјановска-Давкова.