ЕМСЦ известува дека земјотресот е регистриран на 29 километри северно од Сенигалија и дека бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала
Силен земјотрес со јачина од 5,7 до 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово по 7 часот ја погоди централна Италија, јавуваат италијанските медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил во Марке, но бил почувствуван и во Рим, Фиренца, Болоња и северна Италија. Земјотресот е регистриран на 66 километри источно од Римини, на длабочина од 10 километри.
Според хрватските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска. Корисниците на апликацијата ЕМСЦ од Хрватска известуваат дека добар дел од Истра и централниот Јадран биле погодени.
Scarica l’app gratuita LastQuake per info terremoti in tempo reale! Condividi la tua esperienza e leggi quella degli altri:
— EMSC (@LastQuake) November 9, 2022
📱https://t.co/LBaVNdVFgz pic.twitter.com/gPEumQzAyB
Засега нема извештаи за потенцијални жртви и материјална штета.
ЕМСЦ известува дека земјотресот е регистриран на 29 километри северно од Сенигалија и дека бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Медиумите јавуваат дека земјотресот го почувствувале жителите на Марке, Абруцо и Емилија Ромања.