Присуствувото на овој самит, воедно ќе биде и прво патување за Си надвор од Кина уште од 2020 година
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг и рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствуваат на самитот на членките на Г20 на туристичкиот остров Бали во ноември оваа година, изјави советникот на индонезискиот претседател.
Анди Виџајанто, неофицијален советник на претседателот Јоко Јокови Видодо, изјави за Ројтерс дека кинескиот и рускиот лидер ќе присуствуваат на самитот.
Видодо вчера за „Блумберг“ откри дека двајцата лидери го потврдиле неговото доаѓање.
Претседателските претставници на Индонезија не одговорија на барањата за потврда на доаѓањето на Си и Путин на самитот на Г20.
Присуствувото на овој самит, воедно ќе биде и прво патување за Си надвор од Кина уште од 2020 година.
Сепак, кинеското Министерство за надворешни работи не одговорило на барањето на Ројтерс за коментар, додека портпаролот на Кремљ одби да коментира за Блумберг, но друг функционер запознаен со ситуацијата изјавил за новинската агенција дека Путин планира да присуствува.