Кина го смета Тајван за своја територија и покрај силното противење на владата во Тајпеј, која го отфрла кинескиот суверенитет и тврди дека само луѓето на островот имаат право да одлучуваат за својата судбина.
Кинескиот претседател Си Џинпинг во својот говор на денеска отворениот Конгрес на кинеската Комунистичка партија изјави дека кинескиот народ тредба да одлучи за тајванското прашање и дека Кина никогаш нема да се откаже од правото на употреба на сила, но и нагласи дека ќе се залага за мирно решение на проблемот, јави Ксинхуа.
Претседателот Си ги даде овие забелешки од Големата сала на народот во Пекинг каде се одржува 20. Национален конгрес на кинеската Комунистичка партија (ККП), на кој присуствуваат водечки кинески владини претставници и околу 2.300 делегати.
„Пекинг отсекогаш го почитувал, се грижел и работел за благосостојбата на тајванскиот народ и бил посветен на развојот на економската и културната размена преку Тајванскиот теснец. Тајванското прашање е наше внатрешно прашање и зависи од кинескиот народ да одлучи. Бараме мирно обединување, но никогаш нема да ветиме дека ќе се откажеме од употребата на сила. Нема да дозволиме мешање на странска сила и дејствија на многу мал дел од населението кои се за независност на Тајван, спротивно на мислењето на мнозинството од народот на Тајван”,
рече Си.
Кина го смета Тајван за своја територија и покрај силното противење на владата во Тајпеј, која го отфрла кинескиот суверенитет и тврди дека само луѓето на островот имаат право да одлучуваат за својата судбина.
Од Тајван дојде директен одговор во кој се вели дека Тајван нема да се откаже од својот суверенитет и нема да прави компромиси за прашањата на слободата и демократијата.
„Народот на Тајван решително се спротивставува на идејата на Пекинг за спроведување на концептот „една земја, два системи“ за Тајван. Одржувањето на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот е заедничка одговорност на двете страни, а средбата на бојното поле не е опција“,
се нагласува во соопштението на тајванското претседателство.
Зборувајќи за Хонг Конг, Си кажа дека Кина ќе го поддржи Хонг Конг во обединувањето со главната територија на нашата земја. Тој посочи дека „една земја, два системи“ е најдобриот модел за Хонг Конг и дека „на тоа мора да се работи на долг рок“. Кинескиот претседател кажа дека земјата ќе го забрза правењето на кинеската војска армија од светска класа и ќе ги зајакне одбранбените способности.
Тој нагласи дека КПК постигнала историски достигнувања и промени во изминатите 10 години, како и дека во тој период постигнала историски раст на економската сила, јавува Кинеското меѓународно радио.
„Во изминатата деценија кинескиот БДП од 54 порасна на 114 трилиони јуани (околу 16 милијарди долари), и сочинува 18,5 отсто од светскиот БДП, што претставува раст од 7,2 отсто. Кина е сè уште втора по големина економија во светот, а БДП по глава на жител се зголеми од 39 800 јуани на 81 000 јуани”,
вели Си.
Тој, исто така, истакна дека Кина постигнала технолошки напредок во клучните области и поттикнала нови стратешки индустрии.
„Видовме голем успех на повеќе фронтови, вклучително и вселенски лет со екипаж, истражување на Месечината и Марс. Исто така, испративме сонди за истражување на длабоките мориња и земјата, изградивме суперкомпјутери, сателитска навигација, употреба на квантни информации, технологија за нуклеарна енергија. Правиме авиони, развиваме биомедицина, рече кинескиот претседател”,
истакна Си.
Конгресот на ККП се одржува еднаш на секои пет години, ќе трае до 22 октомври, а се очекува актуелниот лидер Си (69) по трет пат да добие петгодишен мандат.