Поранешните директор на УБК и обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“, Сашо Мијалков, е позитивен на ковид-19. За повеќе медиуми, таква изјава доцна попладнево даде неговиот адвокат Љупчо Шврговски. Мијалков се тестираше за ковид-19 во текот на денот, откако почуствувал симптоми на болеста која ја има и неговата сопруга, а поради што се одложи денешното судско рочиште за „Таргет-Тврдина“.
Во изјавата за „Фокус“, Шврговски тврди и дека Мијалков се чувствува добро, но дека засега не се знае дали неговиот клиент ќе биде третиран дома или во болнички услови. Формално, Мијалков се уште не го добил решението, но резултатот веќе му е соопштен.
Шврговски, пак, мисли дека тој самиот нема да оди во изолација, затоа што Мијалков бил „особено внимателен“ и постојано „одржуваше дистанца и носеше маска“.