Швајцарските пратеници ја аргументираа оваа одлука со тврдењето дека пакетот „се коси со одредбата за намалување на јавниот долг“ во Швајцарија и го отфрлија непосредно пред таму да се одржи самитот за постигнување мир во Украина
Горниот дом на швајцарскиот парламент денеска не ѝ одобри помош на Украина во износ од 5 милијарди швајцарски франци (5,12 милијарди евра), како дел од финансискиот пакет, со образложение дека оваа распределба го нарушува ограничениот план за задолжување на земјата, пренесува Ројтерс.
Со 28 гласа „против“ и 15 „за“ пратениците го отфрлија целиот финансиски пакет во вредност од 15 милијарди швајцарски франци, во кој беа вклучени 10,1 милијарди франци дополнителни средства за потребите на швајцарските вооружени сили.

Швајцарските пратеници ја аргументираа оваа одлука со тврдењето дека пакетот „се коси со одредбата за намалување на јавниот долг“ во Швајцарија и го отфрлија непосредно пред таму да се одржи самитот за постигнување мир во Украина.
Помошта за Украина беше наменета за реконструкција и поправка на инфраструктура во државата.