Во Шуто Оризари регистрирани се повеќе од 5 000 семејства во социјален ризик
Општина Шуто Ориза денеска формираше Кризен штаб за спроведување на владините мерки за превенција од ширење на коронавирусот. Како што информираат од Општината, Кризниот штаб изготвил план за дезинфекција на сите јавни површини, а побарана е и помош од невладините организации и приватни компании кои работат на територијата на оваа општина да дадат логистичка и финансиска поддршка за помош на најранливите категории на граѓани.
Ова се заклучоците од првата седница на Кризниот штаб:
-Кризниот штаб писмено се обрати до сите мали, средни и големи претпријатија на територија на Шуто Оризари со цел да достават во рок од 24 часа, детален список со спецификација на сета логистика и механизација(цистерни, камиони, приколки, прскалки, трактори со прскалки, заштитни ракавици, наочари, скафандери итн.), просторен и човечки потенцијал кои можат да и ги стават на располагање на општината, без надомест во интерес на спроведување на Акциониот план на Општината.
-Се изготви писмено задолжение до директорите на сите општински основни училишта и ЈОУДГ „8ми Април“ и Средното училиште на територија на Општината, редовно да ги дезинфицираат влезовите и просторииите кои ги користи обезбедувањето како и дежурните вработени како и да достават список со спецификација на сета логистика и просторен и човечки потенцијал кои можат да и ги стават на располагање на општината
– Остварена е средба каде што се задолжени сите здруженија на граѓани кои делуваат на територја на Општина Шуто Оризари да достават список на сета логистика и и просторен и човечки потенцијал кои можат да и ги стават на располагање на општината како преку пренамена на средства од нивните постоечки донатори да обезбедат средства за обезбедување на хуманитарна помош на нај социјално загрозените лица.
-Кризниот штаб даде упатства на секторот за Локален економски развој да стапи во контат со сите релевантни домашни и интернационални донатори за обезбедување на средства или хуманитарна помош за социјално ранливата категорија на лица.
Од општината потенцираат дека во Шуто Оризари во моментов се регистрирани 5020 семејства во социјален ризик.