Патничките возила се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај е во целосен прекин за влез и излез од државата
Долги колони и застој на граничните премини со Грција по најавите за штрајк на грчките цариници. На социјалните мрежи граѓаните споделуваат видеа и фотографии од метежот додека чекаат за влез во Грција. Според информациите, патничките возила се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај е во целосен прекин за влез и излез од државата.
Штрајкот според најавите траеше четири часа, од 5 до 9 часот утринава по македонско, односно од 6 до 10 часот по грчко време.
Министерството за внатрешни работи во петокот информираше дека штрајкот на грчките царински службеници ќе се одвива на трите премини со земјава и тоа – „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“). Од МВР порачаа дека ќе бидат преземени сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.
