„Гласав за Даниела Димовска, имајќи го предвид извештајот што го презентираше претседателот на Комисијата по целата постапка за вонредното оценување, интервјуата, програмата и акциониот план. Во врска со програма и акциониот план се определив за судијата Даниела Димовска бидејќи за нијанса нејзиниот план содржи иновативно управување со Судот наспроти пограмата и акциониот план на другиот судија, иако сметам дека и другиот судија е солиден кандидат и заслужува унапредување“, рече членката на Судскиот совет, Антоанета Димовска, во своето образложение
Поразлична во своето излагање беше членката на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска, која пред да ги образложи причините поради кои гласала за Димовска, посочи на, според неа, долгата процедура за избор на претседател која создава ситуација кандидатите да се најдат во нееднаква позиција. Во конкрентиот случај, рече Јошевска-Анастасовска, имаме кандидат, мислејќи на Димовска, која една година била в.д. претседател на Кривичен, и во тој период имала можност да ги покаже своите организациски, менаџерски и комуникациски капацитети, да спроведува конкретни активности, и да ги презентира своите резултати во Судскиот совет
По точно една година и пет дена откако беше избрана за в.д. претседателка, судијката Даниела Димовска денеска е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје. Таа ја доби поддршката на 11 членови на Судскиот совет на денешната седница, а немаше ниту еден глас против. Нејзиниот избор го помина и Бадентеровиот принцип, добивајќи четири гласа „за“ од членовите на Советот кои се припадници на немнозинските заедници.

Единствен противкандидат на досегашната в.д. претседателка, а сега и претседателка на најголемиот суд во државата, беше нејзиниот колега од Кривичен, судијата Ивица Стефановски.
Пред чинот на гласањето, претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, напомена дека изборот се врши согласно претходниот Закон за Судски совет, а не според новиот, кој беше донесен кон крајот на минатата година, бидејќи постапката била започната пред Собранието да го усвои новиот закон.
Гласови за Даниела Димовска, пофалби за Ивица Стефановски
За разлика од изборот на Димовска за в.д. претседателка на Кривичен пред една година, кога имаше жестока дискусија помеѓу дел од членовите на Судскиот совет, конкретно меѓу Антоанета Димовска и Тања Чачарова-Илиевска околу процедурата поврзана со оценките на судиите, денешната седница помина без тензии и во мирна атмосфера.
Визија, менаџерски способности, јасен план за тоа како треба да се управува со скопскиот Кривичен суд беа клучните поенти во излагањата на членовите на Судскиот совет во кои образложија зошто се решиле да го дадат својот глас за судијката Даниела Димовска, пред судијата Ивица Стефановски.
Сепак, од членовите на Судскиот совет беше истакнато дека и едногодишното водење на Кривичен како в.д. претседателка ги покажало менаџерските способности на Димовска, да спроведе решенија и да го заштити интегритетот на Судот и на судиите, а во услови кога судовите се соочуваат со финансиски предизвици и недостаток на кадри.
Судијата Ивица Стефановски, пак, беше пофален за својата професионалност и судиско искуство, а особено во тој контекст беше истакната неговата работа на сложени предмети од висок јавен интерес. За потсетување, Стефановски го водеше предметот против Љупчо Палевски и уште четири лица за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, како и предметот за мајката и ќерката кои загинаа по пад од балкон во скопски Карпош, за што на 12 години затвор беше осуден сопругот на починатата жена и татко на девојчето, Стојанче Јованоски – за наведување на самоубиство и уште две кривични дела поврзани со семејно насилство.
Сепак, според членовите на Советот, судијата Стефановски во својата програма, акцискиот план и на интервјуто во рамките на постапката за избор за претседател на Кривичен, покажал за нијанса недоволна визија како да се води најголемиот суд во државата, кој, како што посочија дел од членовите на Советот, е огледалото преку кое јавноста ја создава својата перцепција за работата на судството, воопшто.
Ова беше посочено безмалку од сите членови на Судскиот совет кои денеска беа присутни и гласаа на денешната седница.
„Гласав за Даниела Димовска, имајќи го предвид извештајот што го презентираше претседателот на Комисијата по целата постапка за вонредното оцнеување, интервјуата, програмата и акциониот план. Во врска со програмата и акциониот план се определив за судијата Даниела Димовска бидејќи за нијанса нејзиниот план содржи иновативно управување со Судот наспроти пограмата и акциониот план на другиот судија, иако сметам дека и другиот судија е солиден кандидат и заслужува унапредување“,
рече членот на Советот, Исамедин Лимани.
Согласна со него беше и Антоанета Димовска, која посочи дека присуствувала на интервјуата со двајцата кандидати, на кои, како што кажа имало разлика во пристапот и гледањето како треба да се менаџира Судот.
„Програмата на судијата Димовска е развојна, визионерска, а сепак реална во рамките на можностите и свесна за тоа што буџетот дозволува, меѓутоа и оптимнистична дека може да направи нешто да обезбеди средства и надвор од она што се дава, со учество во разни програми за грантови. Особено ми се допаѓа делот за транспаретноста што двајцата кандидати го опфаќаат, но нејзиниот пристап е целосно отворање на Судот кон сите за да можат да ги следат постапките и сè она што се случува во Судот. И честитам уште еднаш еднаш на колешката Даниела Димовска и сметам дека и во овој период (како в.д. претседател) покажа дека може и во рамките на овој ограничен буџет да направи нешто повеќе од организициски план, особено кога станува збор за судењето за ‘Пулс’“,
рече Антоанета Димовска.

Малку кандидати
Нивниот колега Ивица Николовски, кој беше известител по извештајот на Комисијата за спроведување на постапката, рече оти му е жал што немало пријавено повеќе кандидати на огласот, распишан пред една година, бидејќи, како што кажа, од 50 судии во скопскиот Кривичен суд, повеќето ги исполнуваат условите да се кандидираат за позицијата претседател.
Она што било пресудно да го даде својот глас за судијката Даниела Димовска рече дека била визијата што ја покажала за менаџирање со Судот. Николовски додаде оти очекува во иднина, како претседател, Димовска да носи рационални одлуки и максимално да го искористи својот капацитет за да овозможи Судот да испорачува побрза и поефикасна правда. Тој упати и апел до Димовска да ја зајакне, како што кажа, дисциплината во Судот, особено во судската служба, и да направи добар распоред за користење на годишните одмори и боледувања.
„Не може правораздавањето да биде уназадено како со однесување на судии, а посебно со однесување на судската служба. Користење на годишни одмори и зачестените боледувања и тоа како се обврска на свој начин да ги решава претседателот на овој, како и на другите судови“,
рече Николовски.
Подобрата програма и акциски план, како и досегашното водење на Кривичен како в.д. претседател, како причина да гласаат за неа го наведоа и членовите на Судски, Данка Ристова и Садула Изаири.
„Одлучив да гласам за судијата Даниела од една проста причина што не дека е за нијанса подобро рангирана, за мене беше многу важно тоа што пред некој ден бевме во контрола на тој Суд и имавме прилика непосредно да ја слушаме како в.д. претседателка по начинот на кој го презентира Судот. Имаше некои новини, нејзината презентација беше прекрасна и оттука ми остави впечаток, и од таа причина денеска гласав за неа. И судијата Ивица е прекрасен судија и неговата кариера е прекрасна, му посакувам успех во кариерата“,
рече Изаири.
Членката на Судскиот совет, Џенета Бектовиќ, рече дека станува збор за кандидати кои лично ги познава бидејќи доаѓа од Основниот кривичен суд, притоа во детали осврнувајќи се на биографиите на двајцата кандидати, потенцирајќи дека онаа на нејзината колшека Даниела Димовска е особено богатата.
Предолга процедура за избор на претседател
Поразлична во своето излагање беше членката на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска, која пред да ги образложи причините поради кои гласала за Димовска, посочи на, според неа, долгата процедура за избор на претседател која создава ситуација кандидатите да се најдат во нееднаква позиција. Во конкрентиот случај, рече Јошевска-Анастасовска, имаме кандидат, мислејќи на Димовска, која една година била в.д. претседателка на Кривичен, и во тој период имала можност да ги покаже своите организациски, менаџерски и комуникациски капацитети, да спроведува конкретни активности, и да ги презентира своите резултати во Судскиот совет.
„Се поставува прашањето дали при долгото траење на изборите се создава предност во однос на другиот кандидат и затоа уште еднаш апел – изборите треба траат пократко за да можеме да обезбедиме еднаков пристап кон сите кандидати во изборите за да имаат тие споредливи можности и да ги покажат своите вистински капацитети“,
рече Јошевска-Анастасовска.

Својот глас за судијката, пак, рече, го дала затоа што според неа нејзината програма и акциски план, во голема мера, а не во нијанси била подобра, поразвојна и поразработена од онаа на нејзиниот противкандидат Ивица Стефановски, која ја оцени за поопшта. И на интервјуто, според неа, Димовска опставила впечаток на помодерен, пореформски и комуникациски и стратешки ориентиран канидат со еден иновативен пристап, рече таа.
Слични, ако не и идентични беа ставовите и образложенијата на нејзините колешки Арлинда Кадри-Шахиновиќ и на Тања Чачарова-Илиевска, кои рекоа дека не ги познаваат двајцата кандидати, но од документите доставени во Судскиот совет, сметаат дека Димовска има поголеми лидерски способности.
Согласен со сите членови беше и претседателот на Судски, Александар Камбоски, кој говореше последен. Пресудни и за него биле програмата и акцискиот план на Димовска, а за судијата Стефановски рече дека неговата работа е признаена од Судскиот совет. Тој даде поддршка на ставот на Сузана Јошевска-Анастасовска дека треба да се скрати постапката за избор на претседател на суд, и повика сите членови на Советот максимално да се вложат преку измена на вантрешните акти на институцијата, таа процедура да се скрати.

Конроверзите по изборот на Димовска за в.д. претседател на Кривичен
За потсетување, изборот на Даниела Димовска пред една година помина, условно кжано, контроверзно. Главната причина за тоа беше што таа за функцијата вршител на должност претседател беше избрана како 11. рангирана, според тогашното оценување. Тогаш Димовска не беше избрана едногласно, односно при нејзиниот избор „за“ гласаа 10 членови на Судскиот совет, а двајца беа „против“. Стануваше збор за членовите Ивица Николовски и Тања Чачарова-Илиевска.
За в.д. претседател на Кривичен, Димовска тогаш беше предложена од членката на Советот, Данка Ристова.
Уште за време на седницата, тогаш реагираше судијата во Кривичниот суд, Ненад Савески, а сега државен јавен обвинител, кој преку порака која ја објави јавно се обрати до Антоанета Димовска, за која рече дека е срам за судиите кои гласале за неа.
„Кој ви даде право во наше име да кршите закон? Зошто постапуваш спротивно на чл. 89? Зошто согласно законот не го бирате најдобро оценетиот судија? Или за тебе законот е најмалку битен? Таму кај што седите нè претставувате нас, судиите! Зошто најсветото нешто за нас судиите го газите? Немате право на тоа! Противправно однесување е недозволиво за некој што е судија! Одете си од таму веднаш и престанете да им штетите на судиите! Брука си! Брука за судиите и за вашето семејство во кое сите се правници“,
напиша тогаш Савески во пораката до Антоанета Димовска.
Критики тогаш стигнаа и од навладините организации кои ги следат случувањата во правосудството, а дополнителен момент што предизвика полемики во јавноста беше тоа што братот на Димовска е еден од осомничените во истрага поврзана со т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кое на 16 март лани во пожар загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
