Во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на таткото, од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син
Петнаесетгодишник од тетовско Боговиње бил примен во Клиничкиот центар во Тетово со прострелна рана во пределот на стомакот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, за случајот била информирана и полицијата, кога 42-годишен маж и неговиот 16-годишен син во полициската станица Тетово се самопријавиле и го предале пиштолот со кој било пукано.
„Според изјавата на С.М.,(42) настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово“,
соопшти МВР.
Од МВР додаваат дека малолетникот е задржан за понатамошна постапка и оти се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
