Штип и денеска со двоцифрена бројка заразени. Во здравствениот билтен се регистрирани вкупно 13 нови пациенти, а оздравени се вкупно 11. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова, вели дека и денеска се на своите работни места и имале поголем метеж на пунктот.
„Денеска немаме упати од матични лекари, но зедовме 130 контролни брисеви од работници и нивните семејства кои точно пред 14 дена преку приватен скрининг на сопственици на неколку конфекции беа откриени дека се позитивни на вирусот“,
вели Димитрова.
Таа додава дека денеска имале и мобилен тим кој земал контролни брисеви и на лице место од вработени и станари на Домот за стари лица во Радовиш, како и на пациенти во Пробиштип.
Епидемиолошките анкети покажаа дека причина за ширење на вирусот во конфекциите или пoзнатиот штипски текстилен кластер е непочитување на мерките. Таа посочи дека само со мерки може да се победи заразата и дека друго решение нема.