Фејо сега мора предлогот за составот на Владата да го достави до парламентот за да добие доверба од Законодавниот дом
Шпанскиот крал Фелипе Шести му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативната Народна партија (НП), Алберто Нуњез Фејо.
Монархот, кој е шеф на шпанската држава, ја донел одлуката по консултациите со претставниците на политичките сили кои најдоа место во парламентот по изборите на 23 јули, кои не дадоа јасен победник.
Фејо сега мора предлогот за составот на Владата да го достави до парламентот за да добие доверба од Законодавниот дом.
На парламентарните избори НП беше партијата која собра најмногу гласови, но не успеа да стигне до посакуваниот резултат. Дури и со поддршка на екстремната десница Вокс, тој нема мнозинство во парламентот.
Двете партии заедно освоија 176 пратенички места (НП 136, а Вокс 33), што е за седум мандати помалку од апсолутно мнозинство.