Шпанија се израмни со Италија по број на заразени случаи од коронавирус откако со последните податоци достигна бројка од 110 238 заразени лица.
Според податоците на „Ворлд о метерс“, во Шпанија досега починале 10 003 лица, од кои 616 само за последниве 24 часа.
Италија во овој момент има 110 574 дијагностицирани, од кои 13 155 се починати.
Во Шпанија досега се излекувале 26 743 лица, а во Италија многу помалку, со вкупна бројка од 16 847.
Податоците на „Ворлд о метерс“ се менуваат постојано во зависност од известувањето на надлежните здравствени установи во земјите низ светот.