Портпаролот на железничката компанија „Амтрак“ изјави дека на местото на нападот е пронајден нож, како и дека обезбедувањето успеало да го приведе осомничениот напаѓач, за кого се верува дека има психички проблеми
Нападот се случува во услови на зголемена безбедност околу арената „Медисон сквер гарден“, која се наоѓа во центарот на Менхетен, веднаш над станицата „Пен“, а каде треба да се одржи еден од најголемите спортски настани во последните децении, за што е најавено и присуство и на американскиот претседател Доналд Трамп
Шест лица се повредени во напад со нож што се случи на железничката станица „Пен“ во Њујорк, соопштија локалните власти, а пренесува Си-ен-ен.

Инцидентот се случил вчеравечер, кога непознато лице нападнало повеќе лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на градот.
Едно од повредените лица се здобило со тешки телесни повреди, додека останатите петмина се со лесни до умерени повреди. Петмина од повредените се пренесени во болницата „Белвју“, а шестото лице, кое имало полесни повреди, е згрижено во болницата „Корнел“.
Портпаролот на железничката компанија „Амтрак“ изјави дека на местото на нападот е пронајден нож, како и дека обезбедувањето успеало да го приведе осомничениот напаѓач, за кого се верува дека има психички проблеми.
Според првичните информации, засега нема индикации дека нападот е поврзан со тероризам.
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека е информиран за инцидентот и го пофали обезбедувањето на „Амтрак“ за брзата реакција.
„Моето срце е со сите повредени, нивните семејства и сите што се погодени од ова неприфатливо насилство. Им посакувам брзо закрепнување на сите жртви“,
напиша Мамдани на социјалната мрежа Икс.
I’ve been briefed on the horrific stabbing at Penn Station. Based on the information available right now, six people were stabbed and the alleged perpetrator is in custody following a swift response from the Amtrak Police Department.
— Mayor Zohran Kwame Mamdani (@NYCMayor) June 8, 2026
My heart is with everyone who was injured,…
Нападот се случува во услови на зголемена безбедност околу арената „Медисон сквер гарден“, која се наоѓа во центарот на Менхетен, веднаш над станицата „Пен“, а каде треба да се одржи еден од најголемите спортски настани во последните децении, за што е најавено и присуство и на американскиот претседател Доналд Трамп.
Натпреварот што треба денеска да се одржи меѓу „Њујорк Никс“ и „Сан Антонио Спарс“ ќе биде првиот од финалната серија што се игра во арената и се очекува да привлече голем број гледачи.
Трамп рече дека планира да присуствува на натпреварот, што доведе до засилени безбедносни мерки во кои се вклучени Тајната служба, полицијата на Њујорк и други безбедносни агенции околу арената и пошироката околина.
