Момчето Азја утрово беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур, околу 40 часа по земјотресот, изјави пожарникар Аман Ријанто
Шестгодишно момче е спасено од урнатините два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Западна Јава, Индонезија, при што загинаа најмалку 268 луѓе, изјави пожарникар вклучен во спасувањето.
Момчето Азја утрово беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур, околу 40 часа по земјотресот, изјави пожарникар Аман Ријанто.
„Сè уште дишеше. Фала му на Бога што беше живo и веднаш доби лекарска помош“,
рече тој.
Меѓу загинатите во земјотресот има и многу деца што посетувале часови по веронаука во џамиите, соопштија официјални лица.
Според Националната агенција за управување со катастрофи, околу 150 лица во Цианџур сè уште се водат како исчезнати. Повеќе од илјада луѓе се повредени, а 58 000 се раселени. Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето, кое затрупа куќи и луѓе. Повеќе од 2 300 згради и домови беа оштетени во земјотресот.