При претресот се пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги
Од полицијата споделија видео на кое се гледаат примероци од пронајдената дрога спакувана во кеси
Поголема количина на разновидна наркотична дрога е пронајдена во напуштени подрумски простории во станбена зграда на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што се вели во соопштението од МВР, акцијата е спроведена на 8 јули од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, по претходно преземени оперативни мерки во напуштени подрумски простории во зграда во скопски Аеродром.
При претресот се пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Од полицијата споделија видео на кое се гледаат примероци од пронајдената дрога спакувана во кеси.
