Во несреќата учествувале мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот Х.Т., и електричен тротинет управуван од шестгодишно дете, двајцата од селото Добрушево
Во сообраќајна несреќа што се случи во пелагониското село Добрушево е повредено шестгодишно дете што управувало електричен тротинет, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола.

Во несреќата учествувале мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот Х.Т., и електричен тротинет управуван од шестгодишно дете, двајцата од селото Добрушево.
Надлежните служби извршиле увид на местото на несреќата.
Како што информираат од МВР, се работи на целосно расчистување на случајот.
